October 5, 2022 14:52
Македонија

На ГП „Табановце” се чека околу два часа, на ГП „Богородица” од 15 до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини вечерва е зголемен. На ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез од државата е околу два часа, а на ГП „Богородица” времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.