October 5, 2022 13:55
Македонија

На ГП Табановце се чека еден час, на ГП Богородица до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути.

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.