October 5, 2022 13:10
Свет

Најтоплиот јули во Шпанија во последните шест децении – измерени 46 степени

Јули беше најтоплиот месец во Шпанија од 1961 година кога во таа земја почнаа редовно да се мерат температурите, објави Националниот метеоролошки институт. Просечната температура минатиот месец изнесуваше 25,6 Целзиусови степени, што е за 2,7 степени повисока од најтоплиот јули досега.

Во андалузискиот град Морон дела Фронтера на 24 јули е измерена највисоката температура за јули со 46 степени, пренесува АП.

Екстремните горештини и сушата придонесоа за избувнување мнигубројни шумски пожари. Во повеќе од 370 пожари во Шпанија изгореа 240.000 хектари шуми.