October 3, 2022 16:27
Балкан

Најмалку 16 луѓе се повредени и хоспитализирани откако непозната хемикалија испарила во Тухељски Топлице

Во општата болница Забок и болницата на хрватските ветерани згрижени се 14 лица, од кои еден има големи тешкотии со дишењето, додека две лица се пренесени во болница во Загреб, пишува Хина, откако вработени и посетители  во бањата Тухељски Топлице, се пожалиле на непријатен мирис на хемикалија, но и на респираторни проблеми кај гостите кои во тој момент се наоѓале во просторот за капење.

Најмалку 16 луѓе се повредени и хоспитализирани откако непозната хемикалија испарила во Тухељски Топлице на северот од Хрватска, во близина на границата со Словенија. Хрватските медиуми пишуваат дека инцидентот се случил попладнево, а евакуирани се сите гости, главно туристи од Словенија, Италија и Германија, како и вработените.

Директорот на болницата Забок, Тихомир Ванчина изјавил дека еден од повредените е примен на одделението за интензивна нега. Имал тешкотии во дишењето и превентивно е хиспитализиран на тоа одделение. Од другите пациенти, двајца се на кислородна поддршка.Пријавата дошла од вработени и посетители, кои се пожалиле на непријатен мирис на хемикалија, но и на респираторни проблеми кај гостите кои во тој момент се наоѓале во просторот за капење.

Евакуацијата почнала околу 18:10 часот. Засега не се знае за каква точно хемикалија станува збор. На терен пристигнале пожарникари, полиција, санитарна инспекција како инспектори за заштита на околината.