December 2, 2022 11:35
Македонија

Напредниот начин на скенирање од апликацијата „МојДДВ” достапна на „Гугл плејстор”

Прилагодената верзија на апликацијата „Мој ДДВ” од денеска е достапна и на Гугл Плејстор, информира Управата за јавни приходи.

Корисниците на апликацијата, треба прво на направат ажурирање на МојДДВ на Плејстор, а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил” во прозорчето „тип на баркод скенер” да одберат опција „напреден”. 

Од УЈП потсетуваат и дека во тек е исплатата на дел од ДДВ за второто тримесечје од годината, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил.