September 28, 2022 15:10
Спорт

Наполи повеќе нема да купува фудбалери од Африка !

Контроверзниот претседател на италијанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, Аурелио Де Лаурентис, повторно е во центарот на вниманието во светските медиуми поради една своја изјава. Во својот последен медиумски настап за време на телевизиски пренос Лаурентис изјави дека повеќе нема да купува фудбалери од Африка !

Ваквиот настап е привлечен иако неговите мотиви за оваа одлука се далеку од расистички ! Тој вели дека му е преку глава од африкански фудбалери, затоа што сред сезона си заминуваат на својот континент да играат за репрезентациите.

-Им реков момци, немојте повеќе да ми зборувате за африкански фудбалери. Ги сакам, но или ќе потпишат документ со кој ќе се откажат од настапите за репрезентациите за време на клупските обврски. Ние сме идиоти кои плаќаат плати само за да ги праќаме низ светот да играат за други, вели Де Лаурентис.

Наполи има тројца фудбалери од африканскиот континент: Виктор Осимен од Нигерија, Унас Адам од Алжир и Ангиса Замбо од Камерун.