September 28, 2022 13:55
Спорт

Мурињо: Би сакал да располагам со квалитетни измени

Тренерот на италијанскиот фудбалски калчочигаш Рома, Жозе Мурињо ги сумираше впечатоците од натпревар со Салернитана во 1. коло на Серија А.

Рома победи со 1:0 со голот на Кристанте постигнат во 33. минута.

– Среќен сум од прикажаното на моите фудбалери. Видов тим кој ја контролираше играта, иако не постигна толку голови колку што можеше. Кога бевме уморни, замените му помогнаа на тимот да го одржи нивото на играта. Би сакал да можам да ги менувам напаѓачите од стартниот состав со други на исто ниво, како што прават Сити, Ливерпул и италијанските тимови, тогаш би бил задоволен, изјави Мурињо.

Во следното коло Рома на домашен терен ќе игра со Кремонезе (22 август).