September 26, 2022 18:29
Спорт

Мората на генералната проба му даде три гола на својот довчерашен тим Јувентус

Поради нарушената безедност во Тел Авив, италијанскиот Јувентус и шпанскиот Атлетико Мадрид генералната проба пред стартот на фудбалските шампионати во Серија А и Ла Лига ја одиграа на теренот на тренинг центарот од „старата дама“ во Торино.

Шпанскиот тим остварија убедлива победа од 0:4, а стрелец на три гола беше довчерашниот играч на Јувентус, Алваро Мората.

Мората беше јунакот на денешниот пријателски меч, во кој ги бранеше боите на Атлетико Мадрид откако на крајот од сезоната му заврши позајмицата во Јувентус. Шпанецот постигна хет-трик за водство од 3:0, а конечните 4:0 ги постави Куња во судиското продолжение.