October 3, 2022 17:05
Свет

Моравјецки ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија (ЕУ) за империјалистичко однесување кон помалите земји членки во текст објавен денеска на веб страницата на германскиот „Велт”.

„Политичката пракса покажа дека позициите на Германија и Франција се поважни од сите останати”, додаде Моравјецки за германскиот весник и повика на пристап заснован на повеќе консензус.

Како што тврди полскиот премиер, имаат работа со формална демократија и де факто олигархија, каде најсилните ја држат власта. Тој додаде дека против империјализмот на ЕУ мора да има борба, како и против рускиот.

Премиерот, чија националистичка влада повеќепати доаѓаше во конфликт со Брисел околу прашања за владеење на правото, смета дека рускиот напад на Украина ги истакнал недостатоците на Европската Унија.

Моравјецки повика на „темелна реформа што би ги вратила општото добро и еднаквоста во прв план на принципите на унијата”.