September 28, 2022 15:40
Македонија

Мијалков побарал и добил да се јави во струшкиот затвор на 22 август

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, нема да го почне издржувањето на тригодишната затворска казна од утре во струшкиот затвор, бидејќи побарал и добил одложување на почетрокот со издржувањето за две недели. Мијалков во затворот ќе треба да се јави на 22 август.

Сашо Мијалков се спогоди со јавното обвинителство и призна вина во случајот „Империја“, по што доби тригодишна затворска казна, а воедно му беа конфискувани 6,1 милиони евра, како и недвижен имот во вредност од околу 30 милиони евра.