December 2, 2022 10:12
Спорт

Миовски по двата гола за Абердин се најде во тимот на колото во шкотската Премиерлига

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски на стартот од својата шкотска интернационачлна кариера си обезбеди место во тимот на колото од втората првенствена рунда во Премиерлига.

Во саботата, Миовски постигна два гола во триумфот на неговиот Абердин против Сент Мирен, на домашен терен, а целото негово издание на тој меч беше оценето со 8,39. Подобар од него оваа рунда беше само Жота, 23-годишниот Португалец од Селтик.

Миовски пристигна во Абердин како големо засилување, од МТК Будимпешта за 624.000 евра.