September 28, 2022 14:54
Македонија

Министерот Спасовски во посета на Крушево

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета во Крушево.

Како што информираат од МВР, Спасовски ќе го посети ОВР Крушево и ќе оствари работна средба со неговото раководството, а ќе се сретне и со крушевскиот градоначалник Томе Христовски.

Министерот Оливер Спасовски вечерта ќе присуствува и на свеченото отворање на ФИС „Ролер ски купот Тоше Проески”.