September 28, 2022 14:58
Спорт

Мароко застана зад своите ѕвезди, го отпушти селекторот Халилхоџиќ

Мароко, со визиран билет на Светското првенство, му врачи отказ на селекторот Вахид Халилхоџиќ на три месеци пред првенството во Катар, по неговите конфликти со првите ѕвезди на репрезентацијата.

Халилхоџиќ ги исфрли од тимот Хаким Зијеш од Челси и Нусаир Мазрауи од Ајакс поради дисциплински причини, но и без нив успеа да влезе на Светското првенство. Ова очигледно не беше доволно за федерацијата, која сака Зијеш и Мазрауи да бидат дел од тимот за Катар.

„Дојовме до заемна согласност да се разделиме поради различните ставови за подготовките за Светското првенство“, објави фудбалската федерација на Мароко.

Мароко се во групата Ф на СП со Хрватска, Белгија и Канада. Халилхоџиќ претходно успеваше да влезе на Светските првенства со Јапонија и Брегот на Слоновата Коска.