October 3, 2022 17:35
Спорт

Манчестер jунајтед се договори со Рабио

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио е блиску до преселба во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед кој има очајнички старт во новата сезона. По две кола има два порази и гол разлика од 1:6, откако синоќа „црвените ѓаволи“ беа понижени на  гостувањето кај Брентфорд во второто коло (4:0).

Раководството од „Олд Трафорд” сака час поскоро да го разбуди тимот, па затоа се договорило за трансфер со 27-годишниот француски репрезентативец, како и за провизијата за неговата мајка, која е агентка на Рабио, пренесува „GIFN” повикувајќи се на новинарот Саша Таволиери.

Претходно се дозна дека Манчестер јунајтед се договори со Јуве за трансфер на играчот од средниот ред за 15+5 милиони фунти.

Се очекува дека сега англискиот клуб нема да го купи играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг, туку играчот од средниот ред на ПСЖ, Леандро Паредес.