October 6, 2022 11:41
Хроника

Малолетник со „мондео“ удрил во канделабра на Водно, повредени четворица малолетници

На 19.08.2022 во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Мајка Тереза” со ул.„Тодор Александров” и ул.„Белградска” патничко возило „форд мондео”, со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници, од кои еден од Струмица, двајца од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември” и Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.