October 5, 2022 15:03
Свет

Макрон: Уште пет земји од ЕУ ќе ни помогнат во борбата против шумските пожари

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Твитер објави  дека уште пет европски сојузници обезбедуваат помош за пожарникарите, кои се борат со осум големи шумски пожари низ целата држава, вклучително и огромен пожар на југозапад во Франција.

– Германија, Грција, Полска и во следните часови Романија и Австрија: нашите партнери и доаѓаат на помош на Франција против пожарите. Ви благодариме. Европската солидарност е на дело!” напиша Макрон на Твитер.

Франција претходно доби помош од Шведска и Италија.