September 28, 2022 14:44
Спорт

Македонските надежи за ривал во полуфиналето го добија Луксембург

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 18 години во полуфиналето на ЕХФ шампионатот во Рига ќе игра против соодветната селекција на Луксембург. Натпреварот  Македонија – Луксембург е закажан да се одигра в сабота, со почеток во 15 часот. Во второто полуфинале два часа подоцна ќе играат Швајцарија и Летонија.

Македонските надежи попладнево во 3. коло од групата  ја растурија соодветната домашна селекција на Летонија (33:23) и со три победи завршија како првопласирани. Луксембург е второпласиран од другата група, откако во денешниот дуел беше поразен од Швајцарија 28:26.

Победниците од полуфиналните пресемтки в недела ќе играат во финалето од 16 часот.

Победникот на овој ЕХФ шампионат ќе се пласира на следното Светско и Европско првенство за кадети.