August 19, 2022 12:34
Спорт

Македонија загуби од Исланд и остана без четврт-финале на СП за ракометарки до 18 години

Женската кадетска репрезентација на Македонија не успеа да се пласира во четврт-финалето на Светското првенство кое се игра во Скопје, откако во одлучувачкиот меч загубија со 25:22 (13:10) за да останат во борба за пласман од 9. до 12. место.

По ремито со Шведска, на избраничките од селекторот Љубомир Савевски им беше потребно барем реми против Исланд за пласман во четврт-финалето. Поразот од дирекниот конкурент значи дека Исланд заедно со Шведска патува во четврт-финалето.

Исланѓанките ја контролираа играата од стартот на мечот, за на полувреме да имаат три гола предност, разлика која ја оддржуваа до крајот на мечот, и која успеавме во финишот да ја намалиме на само два гола разлика (24:22).