December 6, 2022 02:50
Македонија

Маврово и Ростуше е подготвено за голема победа на 20 август!

Жировница денеска испрати јасна порака, поддршката ја дава за кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Медат Куртовски!

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и членот на ЦО, Оливер Спасовски, од Жировница порачаа дека со Куртовски ќе продолжат проектите кои се важни за граѓаните и општината.

“Вие покажавте дека знаете да бирате мудро. Докажавте дека знаете да победувате и да го изберете најдоброто за Жировница и за цело Маврово и Ростуше. На 20 август тука од ова место заедно ќе ја славиме големата победа на Медат Куртовски”, рече Зечевиќ пред жителите на Жировница.

Спасовски во своето обраќање потенцираше дека Маврово и Ростуше сака градоначалник кој обединува, времето на поделби и национализам е завршено.

“Сега е време за сплотеност, а не за национализам, заплашување и закани. Маврово и Ростуше знае да ја препознае разликата и знае дека времето на поделби е завршено и затоа во сабота ќе гласа за Медат Куртовски”, рече Спасовски.

Куртовски во својот досегашен мандат, со својата работа покажа дека работи за сите граѓани подеднакво. Маврово и Ростуше знае дека СДСМ е гарант за реализирани проекти кои се од суштинско значење за подобар живот.