September 28, 2022 14:23
Свет

Лиз Чејни најави кандидатура за претседател на САД „за да спречи Трамп да влезе во Белата куќа”

Републиканскат а претставничка во Конгресот, Лиз Чејни, гласен критичар на поранешниот претседател Доналд Трамп, сигнализираше дека може да се кандидира за претседател откако изгуби на прелиминарните внарепартиски избори во Вајоминг.

По поразот, таа изјави дека ќе направи сѐ што е во нејзина моќ да спречи повторен избор на Трамп за претседател во 2024 година.

Таа соопшти дека во наредниот период ќе донесе решение дали ќе влезе во трката.

На изборите во Вајоминг вчера победи соперничката Хариет Хејгман, која беше поддржана од Трамп.

Ова, се ценува како значајна победа на поранешниот претседател во неговата кампања да ги маргинализира или отсрани од власт републиканците кои се согласија на негов импичемнт, откако хаотична толпа поддржувачи лани упадна во Капитолот.

Чејни, жестока критичарка на Трамп, играше важна улога во истрагата на Конресот за нападот на Капитил лани на 6 јануари. По поразот, таа изјави дека не сака да ја „поддржува лагата на претседателот Трамп за изборите во 2020 година” за да победи на овие избори.

-За тоа јас треба да ги поддржам неговите постојани напори за расклимување на нашата демократска земја. Тоа беше пат по кој не можев и не сакав да тргнам, изјави таа на поддржувачите.

Чејни денеска за каналот Ен-Би-Си изјави дека „прави сѐ што е во нејзина моќ да спречи Доналд Трамп да влезе во Овалната соба”, и дека таа размисува за можноста да се кандидира за претседател.

Чејни е ќерка на поранешниот потпретседател Дик Чејни.

Вчера се одржаa избори и во Аљаска, на кои победи сенаторката Лиза Мурковски, друга републиканка, критичарка на поранешниот претседател.