December 5, 2022 23:09
Спорт

Лајпциг со 40 отсто попуст си го враќа Вернер од Челзи

Германскиот фудбалски репрезентатоивец Тимо Вернер го напушта Челзи и се враќа во Лајпциг, објави германски Скај. Во 2020 година Вернер дојде во лондонскиот клуб од Лајпциг за 53.000.000 евра. Лајпциг и Челзи постигнаа нов договор за Вернер за 25,3 милиони фунти, или околу 30 милиони евра. Германскиот напаѓач по две години се враќа во Лајпциг по неуспешната авантура во Лондон.

Лајпциг го добива својот поранешен голгетер на попуст од 40 отсто, речиси двојно поевтино од цената за која го продаде на Челзи во летото 2020 година (53 милиони евра).

Вернер во 89 меча за Челзи постигна 23 гола и оствари 21 асистенција, ги освои трофеите во ЛШ, европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.