October 5, 2022 14:11
Свет

Куќен притвор за руската новинарка која се противи на инвазијата во Украина

Руската новинарка Марина Овсијаникова, која стана позната откако во март го запре емитувањето на Дневникот на продржавната руска телевизија, носејќи транспарент против офанзивата во Украина, денеска е ставена во домашен притвор.

Рускиот суд објави дека на Марина Овсијаникова и е одреден домашен притвор до 9 октомври.

Таа беше уапсен вчера поради „дискредитација” на армијата и се соочува со можна затворска казна до десет години.

Новинарката од крајот на јули двапати беше осудена на парични казни за „дискредитација” на руската армија, поради нејзините пораки на соција лните мрежи во кои ја критикува инвазијата во Украина.