August 10, 2022 22:42
Спорт

Кукуреља ги мина прегледите и е пред потпис со Челси

Левиот бек на Брајтон, Марк Кукуреља ги помина медицинските прегледи во Лондон и се очекува да потпише за Челси. Клубот од „Стемфдорд бриџ“ ќе плати 55 милиони фунти, плус 7 милиони фунти како бонуси. Дополнително, младиот фудбалер на Челси, Леви Колвил, ќе биде испратен на позајмица во Брајтон.

Кукуреља исто така беше трансфер цел на Манчестер Сити, но шампионот одби да плати повеќе од 40 милиони фунти за него.

Челси по финализирањето на трансферот на Кукуреља ќе се насочи и на доведување на Весли Фофана од Лестер.