September 28, 2022 15:08
Економија Свет

Кубанската Влада ќе дозволи странски инвестиции поради хроничниот недостиг на храна и други производи

Кубанската Влада соопшти дека ќе дозволи странски инвестиции поради хроничниот недостиг на храна и други производи во земјата.

– Странски инвестиции во трговијата на големо и мало, со државна регулатива, ќе овозможат поширока и поразновидна понуда за населението и ќе придонесат за закрепнување на националната индустрија, објави синоќа на Твитер министерот за економија Алехандро Хил.

Кубанската Влада ќе го задржи монополот на надворешната трговија.

Странските инвестиции во Куба досега беа дозволени само во производство на стоки, услуги и угостителство.

Кубанците чекаат во редици за да купат храна и други производи во државните продавници каде залихите се многу ограничени.

Продавниците во кои може да се плати во долари започнаа со работа во 2019 година. Таму понудата беше поголема, но и тие се празни поради недостиг на производи.