September 30, 2022 22:56
Балкан

(Видео) Крвав ден во Цетиње со застрелени повеќе од 10 лица меѓу кои има и деца

Крвав ден во Цетиње. Во пукотница се убиени повеќе  од 10 лица меѓу кои има и деца. Извршител на злочинот е Вучко Бориловиќ (34 г.) од Цетиње. Најмалку едно лице е повредено во пукотницата која се случила во населбата Медовина. Медицински најпрво бил згрижен во болницата во Цетиње од каде е траспортиран во Клиничкиот центар во Подгорица. Неофицијално има повеќе повредени лица, а полицијата вооружена го чува клиничкиот центар.

Засега не е познато дали напаѓачот по извршениот злочин се самоубил или бил застрелан од полицијата.

Има и еден тешко ранет припадник на полицијата во пределот на главата.

Убиецот ја попречувал брзата помош да им им пружи помош на повредените пред да пристигне полицијата.

Крвавиот злочин се случил околу 16 часот кога убиецот од засега непознати причини од огнено оружје почнал да пука кон сограѓаните од зградата на Владата. Неофицијално Бориловиќ најпрво ја застрела својата фамилија, а потоа излегол на улица и со ред пукал во своите сограѓани.