October 3, 2022 17:45
Спорт

Кошаркарската репрезентација на БиХ во последен момент доби пари за настап на ЕП

Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ) во последен момент обезбеди пари за сениорската машка кошаркарска репрезентација да замине на Евробаскетот, кој стартува на 1 септември.

Кошаркарската федерација на БиХ, која речиси и не функционира, побара претходно помош од државните институции за настап на машката и женската репрезентација на меѓународните натпреварувања.

Советот на министри на БиХ одобри на денешната седница 100.000 евра, издвоени од буџетот, за подготовки и авионски карти за потребите на машката кошаркарска репрезентација.

Претходно минатата недела, градските власти во Сараево одобрија пари за женската кошаркарска репрезентација на БиХ да замине на Светското првенство во Австралија.