October 3, 2022 16:58
Спорт

Костиќ на прегледи во Торино, потпишува за Јувентус

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ утрово пристигна во Торино да го комплетира трансферот во Јувентус. „Старата дама“ постигна договор со Ајнтрахт и за неговиот потпис ќе плати 13 милиони евра, плус бонуси.

Костиќ беше пречекан од голем број фанови пред клиниката на Јувентус каде ги минува лекарските прегледи.

Крилниот фудбалер потоа ќе стави потпис на четиригодишен договор, а утре ќе го одработи првиот тренинг со „бјанконерите“.