September 28, 2022 14:28
Спорт

Костиќ наместо со Ајнтрахт на меч против Реал Мадрид во Хелсинки ќе патува во Торино за транасфер во Јувентус

Медиумите од Германија и Италија известуваат дека паднал договор помеѓу бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт и калчолигашот Јувентус за трансфер на српскиот фудбалски интеранционалец Филип Костиќ. Така, Србинот наместо утре да биде со екипата на Ајнтрахт во Хелсинки на мечот од европскиот Суперкуп против Реал Мадрид, тој ќе отпатува за Торино.

Неколку извори од Германија и Италија информираат дека е подадена рака меѓу претставниците на клубовите за трансфер вреден од 17-18 милиони евра.

Од таборот на „орлите“ потврдија дека Костиќ нема да патува во Финска. Се очекува Србинот во текот на денот да пристигне во Торино на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот во Јувентус.