October 1, 2022 20:18
Македонија

Комеморација во МНР за починатата Илинка Митрева

Во Министерството за надворешни работи утре ќе се одржи комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Комеморацијата ќе се одржи во амфитеатарот на Министерството, со почеток во 10:00 часот.

Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи, почина на 31 јули во Скопје, на возраст од 72 години.

Д-р Митрева беше професорка по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, и пратеничка од 1994 до 2001 каде беше претседателка на собраниската Комисија за надворешна политика и шефица на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива, шефица на собраниската Група за соработка со Европскиот Парламент и членка на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО. Министерка за надворешни работи беше во 2001 и потоа од 2002 до 2006. Митрева трипати беше одликувана со француски ордени за нејзините особени заслуги во развојот на односите меѓу Македонија и Франција.