October 1, 2022 19:20
Македонија

Ковачевски: Охридскиот договор гради, сплотува, интегрира и промовира заедништво

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук напиша дека денеска

се навршува 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

-Република Северна Македонија низ годините покажа дека успешно гради заедничка иднина за сите граѓани подеднакво. Ние сме мултикултурна, мултиетничка функционална демократија, земја на пријателства, соживот и заедништво. Тоа е нашата сила, нашиот темел за развивање на држава со еднакви услови за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом, наведува Ковачевски.

Според премиерот Ковачевски, Охридскиот договор се темели на принципите на инклузивност, тој гради, сплотува, интегрира, промовира заедништво.

-Со овие вредности ние денес сме членка на НАТО и земја која ги отпочна преговорите со ЕУ. Нашата земја чекори по еден нов пат и одлучно и сигурно се приклучуваме на европското семејство, обединети во различностите, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.