October 5, 2022 13:30
Спорт

Кин: Овој Манчестер јунајтед нема карактер

Поранешниот играч на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Рој Кин, ги искажа своите впечатоци по изданието на „црвените ѓаволи” на стартот од новата сезона.

– Проблемите остануваат исти. Истите ликови, истите личности, особено во средниот ред. Тимот има талентирани играчи, но кога имаат неуспеси, не се справуваат со нив. Не гледам личности и карактер во Манчестер јунајтед, изјави Кин за „Скај Спортс”.

Манчестер јунајтед вчера загуби од Брајтон со 1:0 во натпревар од 1. коло на англиската Премиер лига.

Во новата сезона тимот го предводи тренерот Ерик тен Хаг од кого се очекува да го врати Јунајтед помеѓу најдобрите во англискиот и европскиот фудбал.