August 19, 2022 12:31
Свет

Кина симулира напад- Тајван подигна авиони и ги активира ракетните системи на островот

Тајванските власти утринава објавија дека во саботата во Тајванскиот теснец биле откриени голем број кинески авиони и воени бродови кои учествуваат во воени вежби и дека е во тек можен „симулиран напад“ врз островот, пренесува Си-Ен-Ен.

Властите во Тајпеј соопштија дека некои авиони и бродови ја преминале чувствителната „средна линија“ во теснецот, кој го дели Тајван од Кина.

– Нашата армија испрати предупредувања, ангажираше авиони и бродови и активираше ракетни системи, како одговор на оваа ситуација – соопштено е.

Кина сè уште не ја коментираше целта на воените вежби во сабота. Последната тензија доаѓа по серијата воени вежби спроведени од Кина по посетата на претседателката на американскиот Конгрес Ненси Пелоси во четвртокот, пренесе Телеграф.рс.