September 28, 2022 14:25
Балкан

„Касапот“ на Беливук ќе сведочи против шефот, се спогодил со судот за 18 години затвор

Обвинителството за организиран криминал на Србија склучило спогодба со Срѓан Лалиќ, „касапот“ на Веља Невоља, како сведок на обвинителството во замена за затворска казна од 18 години.

Да потсетиме, Лалиќ е единствениот член на криминалната група на Вељко Беливук кој на прелиминарното рочиште ја призна вината. Лалиќ (36) се прослави откако се појави слика на која тој заедно со Веља Невоља клечат над телото на една од неговите жртви.

Лалиќ по професија е ИТ експерт, кој во кланот на Беливук бил задолжен за набавка и одржување на шифрирани телефони со апликацијата Скај, преку кои членовите на озлогласениот клан комуницирале и разменувале фотографии од грозоморни злосторства!

Постојат сомневања дека Лалиќ за свирепиот клан на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ извршил најмалку три брутални убиства. Пред да стане дел од најсуровата криминална група во Србија, Лалиќ, според она што пишуваат белградските медиуми, се занимавал со работа во областа на ИТ.

Иако на почетокот се мислеше дека неговата улога е единствено да набавува шифрирани телефони за Беливук и неговите луѓе и да им обезбеди комуникација преку апликацијата Скај, на сликите што и беа прикажани на јавноста на телевизија Пинк се гледа како тој со широка насмевка на неговото лице ја држи главата на раскрвавен и измачуван млад човек кој подоцна беше убиен, сведочат дека неговата била многу поголема.

Во телефоните на осомничените се пронајдени и други фотографии на кои се гледаат отсечени глави, стапала и грб со забодени ножеви, кои ги размениле преку апликацијата за која раководел Лалиќ.