October 1, 2022 20:11
Македонија

Кандидатот на СДСМ од Маврово и Ростуше како владин повереник сомнително исплаќал народни пари на својот шура и дедо

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општината Марвово и Ростуше, Медат Куртовски од позиција владин повереник исплаќал сомнителни трансакции на свои блиски роднини.

Имено Куртовски исплатил 1000 евра на својот шура и 950 евра на својот дедо. Вакви скандалозни исплати се правени и во основното училиште во Скудриње. Доколку имаше правна држава уште вчера после објавата на медиумите за оваа афера, надлежните институции ќе отвореа случај за ваквите исплати. Ама институциите молчат, а парите се таманат.

Со други зборови функционерите на СДСМ арчат народни пари без око да им трепне и ги делат на свои луѓе како да се работи за семејно наследство. Ете затоа државата и општините раководени од СДСМ се во таква финансиска состојба. Ете затоа сме на ова дереџе.

Народните пари ако не се поделени како хонорари, тогаш се дебели криминални тендери, ама битно во џебовите на функционерите на СДСМ. Во услови на тешка криза, 500 илјади сиромашни граѓани, колабирано стопанство, екипата на Ковачевски парите ги арчи и око не им трепнува.

Ова мора да престане. Народот ќе ја порази оваа неспособна, неодговорна и криминогена структура на СДСМ.