October 3, 2022 17:15
Хроника

Камионџија пријавил дека во приколката слуша звуци, полицијата пронашла мигрант

Денеска (13.08.2022) во 08.40 часот во СВР Велес К.А.(33) од Гостивар, кој управувал товарно возило „ман”, со гостиварски регистарски ознаки, пријавил дека во товарната приколка од  камионот слушнал звуци. Полициски службеници од СВР Велес заедно со претставници од Царинската управа веднаш излегле на лице место и во приколката пронашле едно лице мигрант од Мароко. Лицето е спроведено во Приватно-транзитен центар Винојуг за понатамошна постапка.