October 5, 2022 14:22
Хроника

Каменуван автобус на ЈСП во Ѓорче, повреден малолетник

На 07.08.2022 во 15.51 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, А.П. пријавил дека додека управувал автобус со скопски регистарски ознаки, на раскрсница од ул.„Лука Геров” со ул. „Тиранска” во Скопје, едно лице фрлило со тврд предмет.

Од ударот било оштетено стакло од автобусот при што е повреден малолетен патник од с.Волково. На малолетникот му била укажана лекарска помош.

За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.