September 26, 2022 17:21
Хроника

Казнети 468 пребрзи и 125 пијани возачи

Во текот на вчерашниот ден (06.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 468 возачи, од кои 87 во Скопје.

Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 243 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 225 надвор од населено место.

Во текот на изминатата вечер (06/07.08.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 125 возачи. Од нив 19 на територија на СВР Битола, 18 на територија на СВР Штип, 10 на територија на град Скопје …

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.