September 28, 2022 15:17
Спорт

Каземиро на чекор до Манчестер јунајтед

Бразилскиот играч за врска Каземиро во следните неколку денови треба да стави потпис на договор со премиерлигашот Манчестер јунајтед, пренесуваат денеска британските медиуми.

Според истите извори, 30-годишниот бразилски репрезентативец веќе ги договорил личните услови со Манчестер јунајтед, а англискиот прволигаш до мадридски Реал испратил понуда во висина од 60 милиони евра плус десет милиони евра во бонуси.

Каземиро во Јунајтед треба да заработува двојно повисока плата отколку во Реал.

Медицинските прегледи се очекуваат во текот на денешниот или утрешниот ден, по што треба да потпише договор на четири години со опција за продолжување за уште една година.