September 26, 2022 18:42
Спорт

Кавани го избра Бока Јуниорс

Единсон Кавани ќе биде ново засилување на Бока Јуниорс. Овој фудбалер беше поврзуван со бројни клубови, последни во низата беа Виљареал и Борусија Дортмунд, но Уругваецот сакаше да се врати во Јужна Америка.

Кавани на крајот го доби тоа што го сакаше, Бока Јуниорс, гигантот од „Бонбониера“.

И „милионерите“ од Дортмунд во последен момент се обидоа да го добијат овој напаѓач, но Кавани веќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Уругваецот има 35 години, во текот на кариерата настапуваше за Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ и за Манчестер Јунајтед.