October 6, 2022 11:47
Македонија

Кавадарци зафатено од силно невреме

Силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд вечерва го зафати Кавадарци. За половина час наврнале 40 литри/м2.

Центарот за управување со кризи информира дека од невремето поплавени се десетина подруми од куќи, како и средишниот дел од главната ул.7-ми Септември на која во моментот 3 екипи со механизација работат на расчистување.

За испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со две пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци со две пумпи.

До повикувачкиот центар во општината, се пристигнати околу дваесетина пријави за поплавени подрумски простории. Екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и “Мој општинар” се на терен. Од силниот дожд вода има навлезено и во зградата на општина Кавадарци.