October 3, 2022 16:04
Македонија

Исто како со коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ шири страв кај граѓаните за мајмунските сипаници

П1: ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за загрозување на здравјето на граѓаните поради тоа што пациентот суспектен дека е заразен со мајмунски сипаници не бил принуден да се тестира?

Одговор: Го слушав пресот на колешката Стојановска и две работи имам да коментирам. Прво, покажуваат целосно непознавање на здраствената политика којашто се води во државата, но и непознавање на инфектологијата и епидемиологијата како дел од здравствената медицина. И второ, покажуваат непознавање и непочитување на стручните и професионалните тела како што е Комисијата за заштита од заразни болести. Познато ни е што правеа за време на корона кризата и повторно истото се повторува, двојните стандарди на партијата ВМРО-ДПМНЕ, кога за време на корона кризата предложивме задолжителна вакцинација на граѓаните кои беа директно изложени на повеќе контакти, тие тогаш беа против ова бидејќи се загрозувале човековите права, сега двојниот стандард е во тоа што бараат насилно и принудно да се изврши тестирање на пациент суспектен на мајмунски сипаници. За среќа доброволно се изврши тестирање на пациентот и негативен е тестот меѓутоа останува фактот дека единствено со што се занимава ВМРО-ДПМНЕ е ширење на дезинформации и паника. Ние како СДСМ и Владата што ја предводи нашата коалиција ќе продолжиме да ги почитуваме професионалните ставови на Комисијата за заразни болести и стручните професионалци во неа со цел да ги заштитиме колективното и лично здравје.