December 9, 2022 23:49
Спорт

Иско ја одбра Севиља

Поранешниот фудбалер на Реал и поранешен шпански репрезентативец Иско следните две години ќе ги мине во дресот на Севиља, соопшти денеска шпанскиот прволигаш од Андалузија.

– Севиља постигна начелен договор со Иско, кој ова лето ќе биде третото засилување на клубот по дефанзивецот Маркао од Галатасарај и левиот бек Алекс Телес од Манчестер јунајтед, се наведува во клупското соопштение.

Иско (30) в понеделник ќе потпише двегодишен договор и во Севиља повторно ќе соработува Хулен Лопатеги, тренерот под чија палка го играше најдобриот фудбал во кариерата, во репрезентативниот дрес (2016-2018) и во дресот на Реал Мадрид (2018).