October 6, 2022 11:55
Балкан Економија

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 отсто

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 отсто во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. Најмногу се должи на зголемените цени на горивото и храната.

Цените на стоки и услуги за лична потрошувачка, мерени со индексот на потрошувачки цени, во јули пораснаа за 0,4 отсто во однос на јуни. Во однос на јули минатата година скокнаа за 12,3 отсто, покажува извештајот на ДЗС, објавен денеска.

Порастот на цените од 12,3 проценти претставува забрзување во однос на јуни, кога цените забележаа раст од 12,1 отсто на годишно ниво.