October 3, 2022 16:19
Свет

Израел и Турција ги обновуваат односите

Израел и Турција целосно ги нормализираат односите, вклучувајќи враќање амбасадори и генерални конзули, соопштија денеска израелскиот премиер Јаир Лапид и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Според Лапид, „обновување на односите со Турија е важно средство за регионалната стабилност и важни економски вести за граѓаните на Израел”.

Ердоган им посочи на амбасадори во Анкара дека целосното обновување на односите ќе „ни дозволи да им помогнеме на нашите палестински браќа”.

Во текот на вчерашниот ден, генералниот директор на израелското Министерство за надворешни работи Алон Ушпис и турскиот заменик министер за надворешни работи Седат Онал, преку телефонски разговор го финализираа договорот за да им се вратат на целосно дипломатските односи.

Враќањето на дипломатите е „продолжување на позитивниот тренд во развојот на односите изминатава година, откако претседателот Исак Херцог ја посети Анкара, како и заедничките посети на министрите за надворешни работи во Ерусалим и Анкара”, тврдат од Кабинетот на премиерот.