October 5, 2022 14:20
Спорт

Играчите на ПСЖ спречиле тепачка помеѓу Нејмар и Мбапе

Очекуваната победа на ПСЖ против Монпеље (5:2), ја обележа Килијан Мбапе со своето однесување на теренот. Младата ѕвезда на ПСЖ, влезе во расправија со Нејмар, кој не му дозволи да го изведе вториот пенал (претходно Мбапе промаши удар од белата точка) и нервозно мавташе со рацете и престана да трча откако во една контра не доби топка од Виериња.

„Ле Паризиен“, објави дека Мбапе и Нејмар продолжиле вербално да се расправаат по натпреварот и дека играчите наводно морале да ги разделат за да спречат физичка пресметка.

Од ПСЖ се очекува многу во новата сезона и главната цел е да ја освои Лигата на шампионите, но за секој тренер сигурно е кошмар кога има толку многу ѕвезди на едно место. Мечот со Монпеље е најдобриот показател што се можат да направат големите ега на фудбалските ѕвезди.

Мбапе ја доби улогата на прва ѕвезда на клубот откако го потпиша новиот договор и покрај тоа што ПСЖ во тимот ги има и Лионел Меси и Нејмар.