October 1, 2022 18:49
Спорт

ИХФ со честитка за РФМ и Живко Мукаетов за организацијата на кадетското ЕП

Македонија беше беспрекорен домаќин на Светското првенство за кадетки што во периодот од 30 јули до 10 август се одржа во три сали во Скопје, со учество на 32 селекции.

Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа, преку писмо им честиташе на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и на сите во „куќата на ракометот“ во нашата земја за одличната организација на овој мундијал.

„Би сакал да ја истакнам организацијата, што овозможи возбудливо, но истовремено и безбедно светско првенство. По четири години пауза можевме да проследиме уште едно светско првенство во Македонија и со нетрпение го очекуваме наредниот шампионат во организација на вашата федерација, јуниорскиот мундијал во 2024 година“, се вели во писмото на Хасан Мустафа до Живко Мукаетов.