September 28, 2022 15:26
Македонија

Зечевиќ: На 20 август да гласаме за Медат Куртовски, на Маврово и Ростуше му треба градоначалник кој обединува

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, заедно со кандидатот за градоначалник Медат Куртовски и пратеничката Белкиса Зеќири, се сретнаа со жителите од населеното место Видуше, во општина Маврово и Ростуше.

СДСМ со Медат Куртовски докажа дека работи еднакво за сите граѓани.

Маврово и Ростуше се развива со засилено темпо и гради услови подобар живот за сите кои живеат тука, но и за луѓето кои се населиле во ближните градови, да може да се вратат во своите домови.

Медат Куртовски докажа дека конечно дојде времето, Маврово и Ростуше, да се унапредува, урбанизира и да ги исполни клучните барања на граѓаните.

“Сакам селата да ни е растат, куќите да бидат полни. Тоа е мојата цел. Маврово и Ростуше да биде општина која ги исполнува сите барања на жотелите. Денеска Аџиевци сушна добра вест за нова водоводна мрежа, проект вреден 400 000 евра, втора најголема инвестиција во општината. Така и ќе продолжиме, за чиста вода, уредени улици, градинки и училишта”, рече Куртовски.

” Уверен сум дека Куртовски ќе добие втор мандат. Медат реализираше проекти кои се најпотребни за граѓаните и општината и во време на светска здравствена и економска криза. Тоа е одговорно и домаќински. На Маврово и Ростуше му е потребен градоначалник кој обединува, а Медат е токму тоа. Тој докажа дека работи за сите еднакво и не ги дели граѓаните по ниту еден основ”, рече Зечевиќ.

Денес, Маврово и Ростуше не е заборавена општина. Во тесна соработка со централната власт, оваа општина добива нов лик. Граѓаните тоа го знаат и затоа на 20 август довербата повторно ќе му ја дадат на Медат Куртовски.