October 5, 2022 14:37
Балкан

Земјотрес во Анталија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди турската провинција Анталија, јавија денеска локалните медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Кас на брегот на Средоземното Море во Анталија, се наведува.

Последниот земјотрес беше регистриран во Турција во 2020 година, кога во земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала загинаа повеќе од 117 луѓе и предизвика значителна штета во провинцијата Измир,пренесе Блиц.рс.