September 26, 2022 17:34
Свет

Зеленски: Разговарав со Папата

Укранскиот претседател Володимир Зеленски објави преку Твитер дека денеска разговарал со Папата Франциск.

„Запознаен е со агресијата што Руската Федерација ја спроведува во Украина, со страшните руски злосторства”, пишува тој.

„Му благодариме на Папата за неговите молитви за Украина. На нашиот народ му е потребна поддршка од светските духовни лидери, кои на светот мора да ја пренесат вистината за ужасите што агресорот ги врши во Украина”, објави Зеленски преку Твитер.