October 1, 2022 20:53
Хроника

За десетина минути запалени два автомобили, мотор и угостителски објект на Бит Пазар

Два пожари биле пријавени ноќеска на Бит Пазар, во кои зорее два автомобили, мотор и угостителски објект.

-Денеска во 04:08 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје, при што од пожарот бил зафатен и угостителски објект, сопственост на Ш. Џ. (49) од Скопје, велат од МВР.

Шест минути подоцна во ПС Бит Пазар е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар во патничко возило „хонда”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј. Н. (56) од Скопје, а од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди”. Повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.